Звездата од “Дедпул” Рајан Рејнолдс повторно ги употребува неговите стари финти, толајки го Хју Џекмен по повод неодамнешната годишнина на актерот.
Холивудското дуо имаат колоритна историја на вербалнa расправија меѓу себе (не грижете се, тие се всушност многу добри пријатели) но и во изолација, Рејнолдс неможеше а да не сподели саркастичен коментар наменет за Џекмен.
Нивното скршено примирје продолжува.
Се се случи минатата недела на Инстаграм кога Џекмен постираше фотографија од себе со својата сопруга. Тој напишал: “Овие 24 години ми беа најдобриот период од мојот живот! И колку што можете да видите, сеуште сме заедно и продолжуваме кон подобро. Те сакам Деб со целата моја душа. Среќна годишнина”
Во коментарите, Рејнолдс одговорил: “Издржи таму, Деб”.