Главната причина за толку висока стапка на смртност во оваа земја е тоа што корона вирусот навлезе во многу домови за стари луѓе!
Белгија има најголема стапка на смртност од корона вирусот во светот, што според анализите на универзитетот Џон Хопкинс е 13,4 проценти, а една од причините е драматичната состојба во старечките домови.
Стапката на смртност е генерално поголема кај популацијата со повеќе постари лица и кај оние со хронични заболувања.
Високата стапка на смртност во Белгија е предизвикана откако вирусот навлезе во голем број старечки домови, а 45% од починатите се токму лицата кои биле сместени во овие домови.
Ова за жал се случува и во Франција и во Англија.
Останува да видиме како ќе заврши овој расплет во светот и каде стапката на смртност ќе биде најголема!