Магична вода за брзо растење на косата!

popara17 април, 20201min00
kosa

Блогерите постојано ја фалат оризовата вода, тврдат дека помага за косата да расте побрзо, а пред се водата прави косата да ви биде мазна, мека и полна со сјај. Која девојка не би ги посакала ова?

Водата од ориз се користи во источните култури за нега на коса со децении. Но, и покрај популарноста на оризовата вода, всушност нема научни докази дека таа стимулиран раст на косата. Оваа вода е богата со скроб, а оваа состојка ја прави косата цврста, а скалпот се хидрира одлично.

Оваа чудесна вода содржи онозитол, а тоа значи едно. Се зајакнува коренот и ќе имате поголем волумен. Тоа го баравте, зар не? Бидејќи содржи витамини А и Е, како и некои минерали, таа има добар ефект врз текстурата на косата, а знаете што? Косата нема повеќе да ви биде наелектрилизирана.

Водата од ориз може да помогне дури и при испуканите врвови. Сè што треба да направите е да ги натопите со водата, да оставите да делува 15-20 минути, а ова правете го еднаш неделно.

Редовната употреба на оризова вода исто така помага при првут.

Како да се користи оризова вода за нега на коса

Истурете половина чаша неварен ориз во тенџере, а потоа истурете две до три чаши топла вода. Оставете го да отстои околу половина час, а потоа исцедете и ставете ја водата во шише со спреј. Ставете на свежо измиена коса, оставете да отстои пет до десет минути, а потоа исплакнете.

Се препорачува да нанесувате оризова вода на вашата коса еднаш или двапати неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag