Глумицата со оваа објава ги запали социјалните мрежи.
Една од најжешките жени на денешницата, актерката Хали Бери, не се спротивстави на трендот што ги зафати социјалните мрежи. Имено, како и некои дами ширум светот, таа одлучи дека наместо со фустан, треба да се слика само со перница. Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија од себеси како позира.
„Веќе знаете дека не можете да ме одвоите од предизвикот со перница“, напиша Хали.
Следеа многу коментари. Многу актерки и познати дадоа комплименти, како што е манекенката Наоми Кембел која и напиша дека изгледа секси.
Сепак, следеше еден дрзок коментар, од диџеј Најс, кој веќе неколку недели флертуваше со Бери преку Инстаграм.
„Затоа не можев да ја најдам перницата“, напишал тој со смеа.
Се разбира, следуваше одговорот на Бери.
„Гледам утрово правите шеги“, напиша актерката со смеа.