Овој зеленчук го има низ цела држава и жално е да не ја искористиме оваа можност, бидејќи е богат со витамини и минерали, и е одличен во заштитата на здравјето.
Започна сезоната на производство и продажба на млад кромид во државата, а ова е одлична можност за сите да го консумираат овој зеленчук и притоа да го зајакнат нивниот имунолошки систем и нивното здравје.
И додека многумина главно го јадат долниот дел од младиот кромид, вистинската витаминска бомба всушност се крие во перцата. Зелениот дел од младиот кромид не треба да се фрла затоа што содржи состојки одлични за нашето здравје.
Еве ги првите 5 причини зошто младиот кромид е добар за јадење секој ден:
Го штити срцето – Полн е со антиоксиданти кои ги штитат клетките од оштетување предизвикано од слободни радикали. Покрај тоа, младиот кромид го одржуваат крвниот притисок во нормални граници и го намалуваат ризикот од згрутчување.
Добро е за видот – Штити од воспаленија и го намалува ризикот од заболување на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеини во очите, кој е одговорен за добриот вид. Луѓето кои го немаат овој витамин можат да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3 проценти од дневните потреби за витамин А.
Посилни коски – Витаминот Ц и К, го има во младиот кромид, затоа е добар за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20% од препорачаната доза на витамин К и околу 2% од витамин Ц. Двата витамина се важни за густина на коските и цврстина. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за појава на остеопороза.
Го намалува холестеролот – Особено неговиот зелен дел што го фрлаат некои луѓе. Покрај намалувањето на лошите нивоа на холестерол во крвта, помага и во регулирање на нивото на шеќер.
За поубава кожа – Му помага на телото да произведе колаген што е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на појавата на брчки на лицето и го има во многу креми.