Иако пријателските совети имаат добра намера, тие можат да ги вознемират оние кои сакате да ги утешите. Некои совети може многу лесно да ја налутат вашата сингл пријателка и да предизвикаат спротивен ефект. Најдобро би било да и кажете дека е прекрасна личност на која ништо не и недостасува и дека треба да ужива во она што и го нуди животот. А кои се речениците кои треба да ги избегнувате?
Бр.1: Можеби не се обидуваш доволно!
Вашата пријателка може погрешно да ве разбере и да помисли дека и судите. Подобро би било да ја охрабрите да се обиде со нова врска. Охрабрете ја да почне нешто ново само под нејзини услови и кога ќе се чувствува спремна. Ако не покажува дека и е потребен партнер и ужива да биде сама, никој на светот нема право да и префрли.
Бр. 2: Оди во лов на мажи!
Ова може да го разбере како навестување дека не прави се што може за да запознае нов дечко, дека не го користи потенцијалот на интернет, дека не оди на состаноци на слепо и дека не го живее животот онака како што би требало. Одбегнувајте такви забелешки. Иако можеби изгледа дека не е заинтересирана да запознава нови луѓе, земете во предвид дека сингл жените не се кријат цело време дома. Тие одат на работа, на социјални настани и многу често запознаваат нови луѓе. Навистина, не е потребно да одиш на специјални случувања за сингл луѓе за да запознаеш нов дечко.
Бр. 3: Шминкај се повеќе!
Ваква заповедна реченица може да биде доживеана како директен и непријателски напад на нејзината личност. Нејзиниот изглед е рефлексија на нејзиниот карактер. Сингл жената има целосно право да го носи она во кое се чувствува најудобно. А псотојат и мажи кои ќе бидат воодушевени од нејзината оригиналност. Ако се облекува или однесува како што чувствува тоа ќе биде само глума и порано или подоцна ќе биде откриена. Секако, мора да се нагласи дека постои разлика помеѓу некористење шминка и негрижа за себеси.
Бр. 4: Многу си пребирлива!
Секоја жена има свои стандарди кога станува збор за бирање на потенцијален партнер и ќе се држи до нив без разлика на се. Ако и речете дека е многу пребирлива и праќате порака дека нејзините стандарди се со поминат рок и дека треба да се задоволи со било кој маж на кој ќе налета и ќе покаже барем малку интерес за неа. И сингл жените имаат право да барат некој ќе е одговара на нивниот карактер, изглед, ставови и со кој сексуално ќе си одговараат.
Бр. 5: Зошто не се промениш малку?
Дали мислиш дека твојата сингл пријателка е многу зборлеста, прашува премногу прашања, ги плаши мажите со нејзината директност, многу е тврдоглава или цело време е зафатена? Сепак, ова се одликите кои ја прават единствена. Да и советувате “малку да се промени” за да им биде попривлечна на мажите е целосно погрешно. Ако го прифати, можеби ќе биде лишена од она што ја прави единствена. Така нема да може да воспостави вистинска врска со новиот партнер, што може да доведе до катастрофална врска или до не дај боже катастрофален брак. Луѓето не можат да го кријат вистинскиот карактер долго време. Сингл жена, која е успешна и среќна, не трба да се менува за да му се допадне на било кој маж.
One comment
peggy
14 август, 2012 at 02:27
: Многу си пребирлива! – ako e zasto da ne i kazam ako mi e dobra drugarka i ako mene mi smeta garant na nekoj drug ke smeta taka da podobro jas da i kazam nema da se naluti i ke se smeni ( mozebi ) otkolku drug da i kaze i em ke ja navredi em ke se naluti zatoa se drugarkite neli???