Иако во некои држави од Северот на Европа се намали притисокот од мерките што владите ги преземаа, состојбата не е воопшто добра. Вака изгледаат кафитериите и рестораните а ништо подобро не е во моловите и другите отворени продавници. Експертите велат дека најмалку две години ќе се осеќаат последиците од оваа пандемија барем во економска смисла на зборот, но доколку се остварат предвидувањата дека пандемијата ќе има свое второ појавување на есен, тогаш и најголемите аналитичари не земаат за право да прогнозираат што всушност може да му се случи на човекот буквално низ целата планета. Да се надеваме прво на здравје за сите нас, за после да му ја мислиме и на економските проблеми што сигурно ќе дојдат и кај нас. Според некои прогнози во Македонија до крај на пандемијата работа ќе изгубат преку 150.000 вработени, што ако споредиме со преку 50 милиони планирани изгубени работни места во САД, ќе треба да бидеме и ,,среќни,,.