Францускиот вирусолог Лук Монтањие ги објаснил причините заради кои верува дека коронавирусот е создаден од нула во лабораторија во Вухан, при што се користела ДНК на ХИВ вирусот. Лук Монтањие во 2008 година е награден со Нобелова награда за својот труд за ХИВ вирусот.
Професорот е уверен дека не е откриена целата вистина за новиот коронавирус. “Лабораторијата Вухан е специјализирана за овој вид на вируси од раните 2000ти. Тие имаат експертиза во оваа област”. Тоа го поттикнало на анализа на геномот на вирусот.
Со помош на математичарот Жан- Клод Перез, “го пребарал редоследот” на коронавирусот, кој содржел ДНК од друг вирус, имено, од ХИВ вирусот. Според неговите кажувања индиските истражувачи се обидувале да го објават полниот геном на вирусот, дошле до истите заклучоци, но морале да се повлечат. Вирусологот зборува за манипулацијата на вирусот.
Признава дека не е сигурен кој и зошто би го модифицирал вирусот. Неговата претпоставка е дека тие научници се обидувале да развијат вакцина против ХИВ.
Оваа верзија се спротивставува на досегашната, која тврди дека преносот на вирусот се случил на пазарот за диви животни во Вухан.
Студијата на Индијците која ја критикува научната заедница
Навистина постои студија на индиски истражувачи, од која, по извршениот притисок денес е останато само тврдењето дека сличноста на аминокиселинските остатоци од ХИВ и новиот коронавирус “веројатно не е случајна”.
Напад врз професорот од другите научници
Професорот Лук Монтањие не е прв пат во контроверзна ситуација. Во 2017 година, околу 100 научници ја споделиле својата огорченост заради овој истражувач кој отворено ја застапува страната која сака да се испитаат вакцините. Професорот одамна има изјавено дека имунолошкиот систем успева да го “реши вирусот за неколку недели”.
Коронавирусот полека но сигурно се повлекува речиси во сите земји. Доколку не дојде до втор бран, ќе се започне со анализа на статистиката и сведување на пресметки.