За подготовка на овој здрав и природен пијалок од стара Германија ви треба лимон, ѓумбир и лук, а има и многу придобивки од комбинацијата на овие три намирници:
регулирање на маснотии во крвта
превенција и третман на артериска опструкција
превенција и третман на инфекции и настинки
природно зајакнување на имунолошкиот систем
природно чистење на црниот дроб
спречување на замор
Сè што ви треба се четири лимони со кора, главичка лук, еден мал корен од ѓумбир (3-4 см) и два литра вода.
Подготовка:
Измијте го лимонот и исечете го на парчиња. Излупете го лукот и заедно со лимонот и ѓумбирот изблендирајте. Измешаната смеса ставете ја во тенџере и додадете 2 литри вода, а потоа загрејте сè заедно додека не се зоврие. Исклучете ја топлината веднаш пред мешавината да зоврие и оставете да се излади. Ставете го пијалокот во стаклено шише.
Како што велат – една чаша треба да се пие секој ден, најмалку 2 часа пред оброк или на празен стомак. Повторете го ова секој ден за три недели, па одморете една недела. После таа недела можете повторно да почнете со пиење.
Доколку не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете малку мед за да го засладите овој здрав пијалок, а после првите три недели треба да ги почувствувате промените. Протресете го стакленото шише пред секоја употреба за добро да се измешаат состојките.
Оние кои го пробале тврдат дека овој пијалок е особено добар за постарите лица затоа што ја враќа нивната енергија и сила и ја забрзува циркулацијата.