Со неколку мали трикови вашот мебел може да биде како нов, а и чист.
Тапацираниот мебел е најчест во повеќето домови, пред се заради поприфатливата цена од кожата, но и заради удобноста на самиот материјал. Сепак, покрај тоа што е убав и функционален, овој мебел не е лесен за чистење, особено темелно да се отстранат нечистотиите без да се оштети и избледи.
Децата, домашните миленици, па дури и ние возрасните, често правиме дамки на нашиот кауч, тросед или фотелја, а тоа е нормално. Она што е важно, е како да се отстранат добиените дамки и длабоката нечистотија без да се уништи мебелот.
Затоа, важно е да знаете неколку трикови кои ќе ви помогнат да го одржите мебелот повторно чист и неоштетен.
Пред чистење, важно е да знаете дали вашиот мебел може да се намокри, а тоа веројатно го има на задната етикета на самиот мебел.
Едно од најефикасните средства за отстранување на нечистотиите, дамките е сода бикарбона. Сода бикарбоната е нетоксична и се бори против нечистотијата многу ефикасно и ги отстранува дамките.
Суво миење со сода бикарбона
Пред да користите сода бикарбона, се препорачува добро да го исчистите вашиот тапациран мебел со правосмукалка, а потоа да го четкате со груба четка ( за да се отстранат влакната од тепихот или од миленичињата). Потоа нанесете ја сода бикарбона на целата површина на мебелот што сакате да го исчистите, ставете рамномерно и оставете така околу половина час. Потоа темелно исчистете ја содата со правосмукалка. На овој начин содата ќе ја извлече длабоката нечистотија од вашиот мебел.
Чистење со раствор од оцет
Ако дамките на мебелот се поупорни и доколку треба дополнително да ги исчистите, предлагаме да направите раствор од една чаша вода, три лажици оцет и една лажица детергент за садови, кои можете да ги истурите во шише со прскалка, а потоа да нанесете на крпа за да ги поминете сите критични парчиња мебел, а можете да ја исчистите и целата површина со истата крпа. Оцетот ќе ги елиминира сите мириси, а во комбинација со детергентот ќе ги отстрани и сите нечистотии од вашиот тапациран мебел.