За Кинезите, корона вирусот очигледно е минато.
Една од важните работи што треба да го врати животот во нормала е спортот.
Продолжението на сите натпреварувања е закажано за јуни, вклучително и фудбалскиот шампионат.
Актуелниот шампион Гвангжу Евергранде дополнително ги израдува своите фанови со почеткот на изградбата на новиот стадион.
Најуспешниот клуб на Кина, со осум титули во последните девет сезони од 2022 година, ќе игра на најспектакуларниот стадион во светот.
Стадионот ќе биде изграден во форма на лотос цвет и ќе може да прими 100.000 луѓе. Неговата изградба ќе чини 1,7 милијарди долари.
Целта на инвеститорот е да го направи ова чудо впечатливо како Оперската куќа во Сиднеј или како Бурџ Калифа во Дубаи.
Ова исто така ќе значи дека лотосовиот стадион ќе го надмине капацитетот на „Ноу Камп“ во Барселона. Култниот стадион на Каталонија има 99.534 места и во моментов е најголемиот фудбалски стадион во светот.
Тоа не е сè, Евергранде, сопственик на клубот, планира да изгради од три до пет нови стадиони низ Кина за оваа земја да може да биде домаќин на Светскиот куп.