Јас сум Грета и имам 15 години. Мојата сестра Беата ќе наполни 13 оваа есен. Сè уште не можеме да гласаме на парламентарните избори, иако политиката денес ќе се одрази врз нашите животи во иднина.
Ако живееме 100 години, тогаш ќе бидеме тука и во следниот век, а тоа звучи многу чудно, знам. Бидејќи ако зборуваш денес за иднината, обично се мисли за неколку години од сега. Сè по 2050 година е толку далечно што воопшто не постои во нашата глава. До тогаш јас и сестра ми нема да сме ниту на половина од нашите животи, се надевам. Дедо ми има 93 години, а неговиот татко живеел до 99, така што не е невозможно и ние да живееме долго.
Во 2078 и 2080 ќе го прославиме 75 роденден. Ако имаме деца и внуци, веројатно заеднички ќе го прославиме роденденот. Веројатно ќе им раскажуваме како било кога сме биле деца. Веројатно ќе им раскажеме за сите вас.
Веројатно ќе се запрашаат зошто вие, кои сте имале шанса да бидете слушнати, не сте зборувале. Но не мора да биде така. Сите можеме да почнеме да се однесуваме како да сме среде криза, што и навистина е така. Цело време зборувате дека децата се нашата иднина и дека ќе направите се за нив. Кажувате работи полни со надеж. Ако го мислите тоа што го кажувате, тогаш ве молам слушајте не нас- не ни требаат вашите охрабрувачки зборови. Не ги сакаме вашите подароци, вашите одмори, хобија или неограничени можности. Сакаме сериозно да се вклучите во акутните кризи кои се случуваат насекаде околу вас. И сакаме да почнете да зборувате и да ни ги кажувате работите такви какви што се.
17 годишната активистка споделува повик за акција од “Нашата куќа гори”