Јутуберот Кејси Неистат сподели на социјалните мрежи порака со која се врати неговата вера кај луѓето откако случајно изглебал нечиј автомобил во Лос Анџелес.
„Честопати се жалам на Лос Анџелес, па еве да ви покажам конечно зошто го сакам Лос Анџелес. Ова утро, изгребав автомобил на еден дечко додека го паркирав мојот камион. Тоа беше случајно, мала, ама сепак забележлива гребаница, му го оставив мојот број, а тој ми прати порака… “, напиша Неистат со фотографија од СМС пораката што ја добил од непознатиот сопственик.
„Еј, благодарам за твојата порака. Не грижи се за ништо. Те молам донирај ги парите што би ми ги дале за автомобилот на локалната банка за храна во квартот Венеција“, му пишал сопственикот, а Неистат одговорил со потврда. „Дали сте сигурни? Можам да ви ги испратам парите веднаш? Ви благодарам повторно, го ценам разбирањето и дарежливоста“, додаде тој.
„Не грижи се. Јас ја ценам твојата донација. На светот му треба повеќе од мене“, одговорил непознатиот човек.