Тепачка на кејот на Лепенец во Ѓорче Петров

popara28 јуни, 20111min00
MVR
Двајца браќа се степале со 15-годишно момче и други непознати лица, вчера вечер на кејот на реката Лепенец во скопската населба Ѓорче Петров. Причината за тепачката бил сомнеж дека точакот кој го возел малолетникот бил украден.
Вчера, околу 19 часот на кејот на реката Лепенец поточно кај железниот мост, по претходна расправија дошло до тепачка помеѓу 28-годишниот Г.М. и  15-годишниот Е.К., двајцата од Скопје,  при што си размениле по неколку удари со тупаници во пределот на главите и телата.
Причина за тоа  бил велосипедот кој го поседувал  Е.К, бидејќи Г.М. се посомневал дека истиот е украден.
Откако  тоа  го  забележал  братот на Г.М. , 41 годишниот Г.М., инаку двајцата браќа во тој момент  ловеле риба,  дошол кај истите со намера да ја спречи понатамошната нивна расправија и тепачка. Во тој момент на наведеното место дошле повеќе лица кои физички ги  нападнале браќата.
Од страна  на полициската станица Ѓорче Петров досега е извршен разговор со неколку учесници во случајот, а во тек се мерки за утврдување на сите учесници и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нетпресс
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag