Американскиот боксер Мајк Тајсон се враќа на рингот.
Извонредниот Тајсон реши да стави боксерски ракавици поради хуманитарни цели и веројатно ќе има четири егзибициони рунди. Засега тоа е идејата, така што името на противникот не е познато.
Со оглед на борбениот карактер на Тајсон, прашање е колку тука навистина ќе има егзибиција, но целта за тоа каде одат парите секако е позната.
Јас сум омекнат, но сакам да се вратам во рингот и да добијам форма да издржам три или четири рунди за бездомници кои се наркомани како што бев и јас, рече Тајсон.
Тој исто така раскажа како тренира во последните неколку дена, додека карантинот е задолжителен, но негираше дека ќе ги „уништи“ сите големи имиња во текот на целиот натпревар.
Јас правам кардио два часа, трчам еден час на лента, користам тегови, потоа бокс – опишува Тајсон, кој додаде дека по тренингот се чувствува како три момци да го претепале.