Германскиот стратег прв пат го предводеше Баерн меѓу 1987-1991 година, а втор пат во 2009-та година кога во Минхен помина само неколку месеци, а на пет натпревари со Баерн освој тринаесет бодови. Ова ќе биде трета среќа. “Ми се чини дека сум се вратил дома. Тука во Минхен се чувствувам одлично” изјави искусниот тренер по првиот тренинг со екипата. “Пред две години размислував да се повлечам. Сега работите се поинакви. Кога Баерн Минхен ќе те повика, тогаш не можеш да ги одбиеш. Уште порано во Мадрид изјавив дека Баерн е најголемиот клуб на светот” додаде Јуп. “Нормално е секогаш во Баерн да имаат јамногу цели. Мораме да се вратиме на патеката на старата слава.Не очекува напорна работа” заклучи ново-стариот кормилар на ‘Баварците’.