Во едно интервју Линдзи Лохан признала дека еден ден сака да има продолжение од филмот Mean Girls и мисли дека лесно ќе ја убеди екипата повторно да се обединат.
Фановите на Лохан знаат дека таа моментално е актуелна со промоцијата на нејзиниот најнов сингл “Back to me”. Што се однесува на продолжението на Mean Girls таа додала дека тоа би било остварување на нејзиниот сон, затоа што одамна не снимала таков филм.
Популарноста на Mean Girls се должи на одличните сценариски способности на Тина Феј и Линдзи смета дека без разлика дали ќе има продолжение или не, секако повторно ќе биде вклучена Тина Феј.
Што се однесува на новиот сингл, во него се зборува за перцепциите на луѓето околу заблудите. Зборувајќи за заблудите, Линдзи почувствувала дека е потребно да ги расчисти гласините за фотографијата со неа и Парис Хилтон и Бритни Спирс стуткани во Мерцедес-Бенз СЛР.