Беа еден од најмоќните парови, но им пресуди бизарниот култ!

popara28 април, 20202min00
никол

Откако актерката Никол Кидман се омажи за Кит Урбан, а Том Круз се ожени и се разведе од Кејти Холмс, публиката како да заборави дека тие двајца беа еден од најмоќните парови во Холивуд. Оттогаш парот ретко зборува за разделбата, за посвоените деца, но и за причината за разводот.

Круз бил тој што прв поднел документи за развод и побарал заедничко старателство над двете деца, а Никол во една прилика ги раскажала причините.

“Бев многу млада кога се омажив, а на 27 години веќе имав две деца. Но тоа е она што го сакав, сакав и можев да се посветам само на една личност и тоа за мене беше многу романтично”

Совршен заеднички живот

На самиот почеток од бракот Никол имала спонтан абортус. Таа смета дека во тој период улогите ги добивала само затоа што била во брак со Том Круз. Смета дека имале совршен живот и по разводот била толку изгубена што не верувала дека некогаш ќе може повторно да се заљуби, ниту дека ќе се омажи по втор пат. Парот до денес е во добри односи и се почитуваат меѓусебно.

Скиентологијата- причина за сите проблеми

Се смета дека главна причина за распад на бракот е Скиентологијата која Никол никогаш не ја оправдувала, но никогаш не зборувала јавно за тоа бидејќи и децата се скиентолози и таа го почитува нивниот избор.

Скиентологијата е “религија” чија идеологија се темели на делата на американскиот писател Рон Хабард. Критичарите често истакнуваат дека скиентолошката црква со години користи присилни методи на продажба со цел изнуда на пари од своите членови.

Том Круз е еден од најистакнатите скиентолози во светот, а своите ставови никогаш не ги криел. Никол за својот сопруг секогаш имала убави зборови, а некои сметаат дека тоа е така зашто таа се плаши од освета, доколку открие повеќе детали за Скиентолошката црква, религијата и нејзините припадници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma