3 намирници кои не треба да ги купувате додека трае корона вирусот: Може да биде опасно по живот!

popara8 јули, 20201min00
намирници

Сега, кога многумина од нас прават неделни резерви на храна за поретко да одат во продавници и така да го запират ширењето на корона вирусот, лесно е да се заборави за проблемите на другите на кои им се потребни одредени производи од медицински причини.

„Ако некој остане без  намирниците кои му се неопходни затоа што тие е на специјална исхрана, тоа може да биде опасно по живот“, вели нутриционистот Ева Персак.

Доколку недостигот на овие производи стане долгорочен, да речеме поради пандемијата, здравствената состојба на поединците може да биде сериозно нарушена, велат експертите.

За да им помогнете на другите да останат добро, експертите препорачуваат општата популација да избегнува или барем да го намали купувањето на одредена храна сè додека не заврши пандемијата.

Кокосово масло

Ова масло е од витално значење за лицата кои страдаат од заболувања на црниот дроб и песок во жолчката. Бидејќи ова масло е богато со триглицериди со среден ланец, тие не го оптоваруваат црниот дроб или жолчката, како што тоа го прават другите масти. Поради недостаток на залихите, но исто така и заради одложувања во испорака од добавувачите преку Интернет, потрошувачите може да останат без истите.

Замрзнати бобинки 

Од витално значење за лица со хронично заболување на бубрезите.

“За луѓето со хронично заболување на бубрезите, има многу малку овошје и зеленчук кои се безбедни за консумирање. Повеќето растителни намирници се богати со калиум и фосфор – два минерали кои ги оптеретуваат бубрезите”, велат нутриционистите.

Бобинките содржат минерали кои се безбедни за пациенти со проблеми со бубрезите. Но, бидејќи се повеќе е тешко да се најдат во супермаркетите, пациентите со бубрежни заболувања честопати остануваат без единствениот извор на витамин Ц во нивната исхрана.

Производи без глутен

Незаменливи за луѓе кои страдаат од алергија на глутен. Ако вашиот лекар не ви ја препишал нивната употреба, не ја купувајте и земајте ги намирниците кои се неопходни за нивното здравје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma