Пет светски енклави кои мора да ги посетите!

popara30 април, 20202min00
Каљининград

Енклава претставува дел од територија, регион, подрачје издвоено од сопствената и вклучено во друга држава.

Еве неколку, за кои веројатно никогаш не сте знаеле дека претставуваат енклави.

Калињинград, Русија

Овој град е познат по тоа што тука започнала сребрената хрватска бајка на Светското првенство во Русија во 2018 година, со победата над Нигерија. Иако во него важат сите правила за мајка Русија, сепак ќе се почувствувате поразлично, со оглед дека се наоѓате во сендвич помеќу Полска и Литванија на Балтичко Море.

Алјаска, САД

Доаѓаме до 49 американска сојузна држава, која се наоѓа северозападно на северноамериканскиот континент. Се работи за најголемата енклава на светот, која некогаш била во руско сопствеништво, до 1867 кога ја купиле американците. Иако во последните десет години од дивина и пустош е модернизирана, сепак станува збор за држава која во голем дел е неистражена. Луѓето летно време доаѓаат за да уживаат во кајакарење, рафтинг, кампување, планинарење, а зимно време можат да се возат на санки кои ги влечат кучиња, или да научат да рибарат во мраз.

Франци

Француска Гвајана

Сместена помеѓу Бразил и Суринам во Јужна Америка, ретко кој би помислил дека Француска Гвајана е сè уште дел од француската територија. Овој имот, кој од матичната земја го дели цел еден океан, денеска најголемите приходи ги остварува со помош на туризам. Тој туризам, верувале или не, се однесува и на вселенски туризам, бидејќи отткука се лансирале ракети за пат во вселената.

Барле-Хертог, Белгија

Веројатно најсложената енклава на светот. Гледајќи ја мапата, се чини дека целосно се наоѓа во Холандија, Но во суштина и припаѓа на Белгија. Работата не е тука готова, бидејќи не се работи за едно парче земја, туку за 20 посебни, сите меѓусебно неповрзани.

Поставените граници не се воопшто јасни, а некои од нив минуваат низ куќи, а дворовите се поделени на половина. И белгиската и холандската страна имаат свој градоначалник, полиција, а луѓето на оваа територија го плаќаат данокот зависно од тоа на која страна им се наоѓа влезната врата на домот. Има и некои ресторани кои се поделени, така што, можете буквално да ручате во двете земји наеднаш. Лудило!

Автономна Република Нахичеван, Азербејџан

Сместена помеѓу Турција, Ерменија и Иран, на спорна територија која станала енклава по азербејџанско- ерменската војна во 1994 година.

Ако се прашувате зоштио би требало да ја посетите оваа енклава, тука се наоѓаат остатоци од многу стари култури, па ќе откриете стотици џамии, гробници и тврдини. Има и многу извори со минерална вода, но ако доаѓате тука, никако немојте да доаѓате преку Ерменија. Побарајте карта од Баку или Истанбул, бидејќи тоа се единствените земји од кои може да се дојде до енклавата.