На главниот плоштад во Санкт Петербург, каде лесно можете да наидете на некој фестивал или културен настан, се отвори кафуле, на кое како да му недосасува една димензија. Црно-белото 2Д кафуле стана омилена страница на Инстаграм инфлуенсерите.
Благодарение на специјалниот дизајн и напор на илустраторите, посетителите се чувствуваат како да влегле во стрип или цртан филм. Речиси е невозможно да останете седнети и да пиете кафе или чај затоа што сакате да застанете и да ја допрете секоја ставка за да бидете сигурни дека е „вистинскa“ или нацртана.
Коментарите на социјалните мрежи се претежно позитивни, а гостите велат дека се чувствуваат како да биле во 80-тите и прошетале низ бендот А-hа во песната Take On Me. Покрај различните видови кафе, кафулето нуди и крофни за појадок, но најголемиот адут е секако самиот дизајн.
Црно-белото 2Д кафуле не е единственото кафуле од ваков вид во светот, YND 239-20 во Сеул е исто така едно од местата на кои би сакале да се „нацртаме“.