Многу познати актерки кои добиле бројни награди заради нивната работа и талент, во текот на кариерата биле и одбивани заради својот изглед. Добивале многу болни критики, им било кажувано дека нема да успеат бидејќи се грди, но тие не се откажале од својот сон.
1. Сара Џесика Паркер
Уште од почетокот на кариерата се соочува со предрасуди заради својот изглед, но тоа не ја спречило да успее во градење актерска кариера. Машкиот магазин Максим своевремено ја прогласи и за најмалку сексипилна жена на сите времиња.
2. Винона Рајдер
Добитничката на Златен Глобус често била замолувана на аудициите да ја напушти салата пред воопшто да добие прилика да го покаже својот актерски талент. Причина за тоа бил нејзиниот физички изглед.
3. Мерил Стрип
Таа е една од актерикие кои се натпреварувале за улогата во Кинг Конг во 1976 година. Мерил била одбиена зашто била грда, а улогата ја добила Џесика Ланг.
4. Минди Калинг
Симпатичната комичарка со индиско потекло пред некое време јавно опишала едно свое понижувачко искуство. Добила понуда од една телевизиска мрежа за хумористични емисии во која требала да се глуми сама себе. На крајот ја одбиле, бидејќи не била доволно убава за улогата.
5. Рис Витерспун
Денеска таа е оскаровка и успешна продуцентка. Но на почетокот на кариерата се соочувала со негативни коментари заради изгледот, како на пример дека не е доволно висока, доволно убава и доволно паметна за да биде актерка.
6. Џесика Честеин
Денеска за многумина таа е олицетворение на убавина, но до неодамна продуцентите ја одбивале заради изгледот. Таа признала дека луѓето и кажуваат дека е привлечна во последниве неколку години, а претходно не добивала улоги бидејќи и било кажувано дека не е доволно убава.
7. Кејт Винслет
Таа често јавно зборува за притисокот со кој се соочуваат холивудските актерки. Во текот на кариерата често била критикувана за телесната тежина. Кога во 2016 година ја освоила наградата “Бафта” за улогата во филмот Steve Jobs, истата им ја посветила на младите девојки кои се борат со несигурности и притисоци поврзани со физичкиот изглед.