Европа сè уште се обидува да создаде безбеден свет по пандемијата, а безбеден свет, меѓу другото, ги исклучува зафатените средни седишта во авионите, полните плажи и автобуси, како и гужвите на аеродромите.
Грчкиот министер за туризам рече дека патувањата ќе бидат управувани под „различни, нови правила“.
– Ако сакаме да размислуваме за можноста за патување оваа година, ќе мора да има на посебни услови. Треба да имаме нови правила за хотели, плажи, базени, нови услови за шведски маси во хотелите и нови правила за туристички посети – рече Харис Теокарис, грчки министер за туризам.
Мерење на температурата и тест на крвта
Сè уште е нејасно што точно вклучуваат новите правила, но европските министри за туризам се состанаа во понеделникот да разговараат околу новите мерки на претпазливост. Многу е веројатно дека на сите патници ќе биде измерена температура, како и приложување на границите резултати на тестот „Ковид-19“.
Намелен број на гости
Туризмот е една од најпогодените гранки од пандемијата, особено во земји како Грција, каде што 20 проценти од БДП се потпира на туризмот и обезбедува едно од пет работни места.Теокарис предвидува дека Грција годинава ќе има помалку од третина од своите гости во однос на вообичаената сезона.
Грција во 2019ти година забележа рекорд од 33 милиони туристи, а тој бум имаше големо влијание врз грчката економија, но годинава тие не можат да сметаат ни на третина од тоа.
Се разгледува опцијата за селективен туризам
Грција ја разгледува и опцијата за селективен туризам, заменувајќи ги туристите од Велика Британија, Германија и Франција со туристи од Источна и Централна Европа, кои традиционално доаѓаат во Грција со автомобил.
– Кога целосно ќе ги опуштиме сите мерки, ќе ни треба најмалку еден месец да се подготвиме за туристичката сезона. Туристичките оператори чекаат и се надеваме дека ќе излеземе со правила што ќе нè заштитат нас и посетителите и во исто време ќе ни овозможат да имаме сезона – заклучи министерот.