Индиските воздухопловни сили им оддадоа почит на лекарите, болничарите и другите работници кои се во првите редови на фронтот против коронавирусот, исфрлајќи ливчиња од цвеќиња низ целата земја.
Голем број хеликоптери кои припаѓаат на индиските воени сили и морнарицата, фрлаа цветни ливчиња беа фрлени над водечките болници за лекување на пациенти кои страдаат од Ковид-19, вклучувајќи ги Делхи, Шилонг, Гувахати и Мумбаи.
Индија е во карантин од 25 март.
Два месеци од првиот регистриран случај во земјата, има повеќе од 1.300 потврдени смртни случаи поврзани со коронавирус.