Полицијата на автопатот запрела петгодишник, кој возел теренец, брзал да си купи Ламборџини

popara6 мај, 20202min00
naslovna

Полициски службеник кој запре автомобил на државниот автопат во Јута во понеделникот беше изненаден кога откри дека петгодишник е на седиштето на возачот.

Забележувајќи возило што се движело многу бавно по левата лента на меѓудржавниот пат 15, полицаецот ја вклучил сирената, а возачот  дисциплинирано се престроил во лентата за застанување.

Разговорот помеѓу „возачот“ и полицискиот службеник е снимен на видеото од надзорната камера, објавено од полицијата на „Youtube“, е видено скоро 760.000 пати.


“Имаш пет години?” вели полицаецот. “Леле!” Потоа го прашал момчето каде научил да вози и ги запишал другите детали. Петгодишниот Адријан Замарипа одговори дека возел дома во автомобилот на родителите откако се расправал со неговата мајка. Тој му кажал на службеникот дека е лут што таа му рекла дека не сака да му купи Ламборџини.


„После расправијата, тој решил да влезе со својот автомобил и да се упати кон Калифорнија за да купи таму Ламборџини. Тој веројатно немаше да има пари за да купи бидејќи во неговиот паричник имаше само 3 долари“, објави полицијата на твитот, одбивајќи да одговори на понатамошни прашања во врска со лутото момче.

На детето сепак му се исполнила делумно желбата, бидејќи по објавата детето и неговата мајка беа провозени во Ламборџини од љубителот на спортски автомобили Џереми Невес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag