И додека многумина сè уште не се сигурни како ќе излезат на крај поради пандемијата од корона вирусот, еден британец кој моментно живее во Сингапур ужива во сосема друга реалност…
Оваа земја во моментов е под делумен карантин со ограничувања за употреба на јавни места. Сепак, тоа не го спречи овој Англичанец во желбата да плива, па тој платил неверојатни 7.000 долари за изнајмување приватен базен.
Бидејќи не може да влезе во базенот во својата зграда, господинот реши да изнајми приватен базен на еден имот во Сентоса Ковe. Тој дошол до оваа идеја кога слушнал за бунгалов што е достапен за изнајмување по цена од 21.000 долари месечно. Изнајмувањето на целиот простор за него било бескорисно, но тој успеал да преговара со управителот, кој му дал дозвола да ужива во градината и базенот по цена од 7.000 долари месечно.
Агент за недвижнини, кој е дел од оваа приказна, изјави: „Разговарав со сопственикот и се договоривме да му изнајмиме базен и градина под два услови. Прво, требаше да биде краткорочен договор за три месеци. Во случај некој да одлучи да го изнајми целиот бунгалов, договорот би бил раскинат веднаш, што беше уште еден услов “. Така, анонимниот британец добил дозвола да ужива во базенот и градината, до кои пристапува од страничниот влез, без да влезе во остатокот од имотот.