Италија и Шпанија оваа недела полека ги олабавуваат строгите мерки и карантинот, дозволуваќи им на милиони луѓе да се вратат на своите работни места.
И во двете земји има континуиран пад на новозаразени случаи, што е сигурен доказ дека земјите го надминале пикот на заразата.
Лидерите на Британија и САД исто така размислуваат за полабави стратегии, но резултатите покажуваат дека тие во моментов се далеку од Италија и од Шпанија.
Здравствените експерти предупредуваат дека воведувањето на прерани мерки за олабавување можат да доведат до нов бран на зараза.
Еве споредби како некои од најпогодените земји се справуваат со заразата.
Британија
Слична е кривата и за САД каде што новозаразените случаи се успорени, но сè уште не се конзистентно редуцирани.
Италија забележува најмала бројка на новозаразени од почетокот на март во моментот кога постепено излегува од карантин.
Новите случаи во Франција исто така опаѓаат од почетокот на април, откако беа донесени строги мерки за карантин.
Кина покажува речиси нула нови случаи од средината на април.
Некои земји како Индија, сè уште не го достигнале пикот. Таму се пријавуваат многу нови случаи на дневно ниво.
Истото се случува и со Русија, каде пред два дена се регистрирани 10 илјади нови случаи.
Одлуката на Шведска да не воведе карантин е исклучок во Европа, каде дневните случаи се на релативно ниско ниво и се намалуваат.
Друга земја која го избегна комплетниот карантин е Јужна Кореја, каде има значаен пад на нови случаи во последните недели. Овој опаѓачки тренд во Јужна Кореја се должи на масовните тестирања и на високотехнолошкото следење на нови случаи.