Жени со чинии во уста: зошто го прават тоа?

popara8 мај, 20203min00
племе 2

Во долината на реката Омо во Етиопија живеат неколку племиња. Едно од нив е племето Мурси кое живее на границата со Судан.

Носијата на ова племе е многу богата и шаренолика, но посебно интересни се жените од ова племе кои вметнуваат чинија во уста.

Од каде потекнува овој обичај?

Се претпоставува дека овој обичај потекнува од времето кога во Африка биле актуелни ловците на робови. Се претпоствува дека жените намерно си го правеле тоа за да бидат неатрактивни.

Освен оваа причина, постојат и други две теории. Едната вели дека Мурсите верувале дека лошите духови влегуваат преку устата, па со помош на чиниите тие се бранат од нив. Другата теорија вели дека од големината на чинијата зависи и миразот на жената. Колку е поголема чинијата, толку е поголем миразот.

Вметнување на чиниите

Мајките на девојчиеата меѓу 15 и 16 години им ги расекуваат усните и им ги вадат двата предни заба од долната вилица, за да можат да им стават мала чинија (најчесто глинена или дрвена).

Се започнува со мала чинија, а големината се менува по некое време, доколку девојките можат да ја издржат болката за време на ширењето на устата. На жените им е многу тешко постојано да ги носат чиниите, па ги ставаат само кога имаат племенски прослави.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag