Ирскиот пејач Брајан Мекфаден кој во 90-тите години беше популарен со неговата група Westlife, во Австралија доживеал сообраќајна несреќа.
Брајан одлучил малку да ја провози својата девојка и го замолил својот пријател да му го позајми неговото скапоцено Lamborghini. По кратко возење доживеале сообраќајна незгода со коамион, чиј возач изгубил контрола над возилото.
Брајан се уште е во шок поради сударот но за среќа никој не е повреден. Тој е многу лут за штетата која ја направил на автомобилот, бидејќи не бил негов, изјавил близок пријател на Брајан.