Најдобриот тенисер на планетата Новак Џоковиќ, се најде на удар на светските медиуми поради начинот на кој ги избира своите гости на Instagram live кој го следи милионски аудиториум.
Авторот на текстот не бираше зборови со кои го “плукаше“ најдобриот светски спортист, во медиумскиот напад каков не е виден досега.
Така што авторот изнесе срамотен текст во кој го обвнини Новак за своето однесува и дека создава голем број на “лаги“.
Гири Нејтан за британскиот Телеграф, во својот авторски текст најпрво го пофали Новак за своите гости кои ги носи во својот лајф. Го пофали за разговорот со Ендри Мареј, како и за идеата за помош на пониско рангираните играчи. Меѓутоа, неколку “лоши избори“ го чинеа големи критики од медиумите, така што надвладеја негативната над позитивната критика.
На Нејтан му сметаше изјавата околу вакцинирањето, па дури се повика и на изјавата на доктор Кон, дека Џоковиќ не треба да се меша во нешто во што не се разбира.
Најмногу му сметало што за гостин го има покането, како што Новак претходно имаше изјавено “неговиот драг пријател, брат од друга мајка, преубава душа“, Шервин Џафари.
“Овој човек, Шервин, рекламира ноотропичко ѓубре од компанија која ја нарекува ‘Cymbiotika’. Како ‘двајца браќа од различни мајки’ собраа илјадници луѓе во својот пренос, почнаа да зборуваат за псевдонаука, па се храбреа еден со друг додека зборуваа. Џоковиќ во маица со Мики Маус, зборуваше како позитивните емоции може да го прочистат организмот од токсините од јадењето. Џафари со својата компјутерски дизајнирана брада даде согласност и потврдуваше со глава“-пишува во текстот Нејтан.
Нејтан исто така нагласува како Џоковиќ дозволил Џафари да ги рекламира своите производи, а еден од нив има цена од дури 50 долари.
Нејтан се присети на неговата повреда и операција на лактот во 2017 година, кога Ноле изјави:
“Се обидувам да не одам на операција, не сум фан на тоа“ – изјави тој за англискиот Телеграф, а Нејтан го цитира: “Се обидувам да бидам природен што е можно повеќе, верувам дека нашето тело само ќе се излечи“.
Заклучува дека позади Новак стојат голем број на лаги.
“Секоја чест Новак, не можеше да почекаш да се заврши пандемијата како би ги натерал старите луѓе дека здравјете можат да го добијат надвор. Цел свет се обидува да се адаптира на новите правила како што се социјалната дистанца и избегнувањето на меѓусебните контакти, а ти пушташ скептицизам околу концептот за вакцина. Можеби ти не треба да имаш толку многу слободно време“ – заклучи на одвратен начин авоторот на овој текст.