Не е ниту чудо дека Никол Кидман сериозно се грижи за својата кожа, имајќи во предвид колку нејзиниот тен е беспрекорен.
Никол Кидман, не е позната само по својот талент и нејзините појавувања на црвениот тепих, туку и по својот изглед, кој е интрига за многумина. Затоа денес ви ги носиме нејзините совети за нега на кожата.
Никол Кидман, која обожава козметички производи, со фановите на Instagram ги сподели своите неколку совети за блескава кожа.
Користи витамини
Нема сомневање дека Никол знае дека негувањето на телото почнува од внатре и влијае врз целосниот изглед.
-Навистина верувам дека користењето на витамини и здравјето на сите органи влијае врз кожата. Моите нокти се веројатно најлошиот дел кај мене – секогаш се кршат – така што користам витамини за кожа, коса и нокти кои ги промени навистина.
Задолжително ја чисти шминката пред спиење
Никол верува дека е многу битно да ја извади шминката пред спиење. Она изјави дека марамчињата за вадење на шминка и се од најголема помош, бидејќи со нив е се полесно.
-Професионалци ме научија како да ја извадам шминката секоја вечер. Меѓутоа, доколку работам цел ден, користам марамчиња за чистење бидејќи многу брзо и лесно тоа се прави. Одлични се за патувања бидејќи лесно ги пренесувате преку обезбедувањето.
Никол ги бои трепките и веѓите
-Тоа е генијален трик за секоја девојка со светла коса, која сака кога ќе се разбуди да изгледа нашминкано.
Се “крсти“ во крема од ретинол
Крема со ретинол е позната по своите својства за борба против брчки и Никол ја обожава.
-Верувам во ретинол, сметам дека делува. Имам природно сува кожа и ретинолот не дозволува мојата кожа да се исуши. Крема ставам навечер и знам дека ќе ми го одржи тонусот на кожата.