Српското средновековно наследство е дефинитивно жртва на негирање и заборавање, како и премолчување од страна на Северна Македонија, изјавува С. Чириќ, историчар со историја на уметност која живее во Париз.
Таа во своето интервју во Вести, објаснува поради што најголем дел од својата професионална кариера ја има посветено во истражување на српското културно наследство во Северна Македонија.
Каква е ситуацијата со српското наследство во Северна Македонија?
-Српското средновековно културно наследство е дефинитивно жртва на негација. Властите во Северна Македонија во Извештајот од Европската комисија беа опоменати поради игнорирањето на пресудата од Европскиот суд за човекови права од Стразбур, со налог, обврската за регистрација на автономна Православна Охридска Архиепископија која е во литургиско и канонско единство со Српската православна црква.
Што претставува таа “негација“ во пракса?
-Во пракса изгледа вака: катастарски црвките припаѓаат на Македонската православна црква, но се српско културно богатство.
Во црвката Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричани иако се наоѓа натпис дека овој храм е подигнато од крал Милутин, најчесто ќе чуете дека е тоа народна црква.
Друг пример е црквата Свети Никола во Љуботен. Љуботен за мене е посебно драг врв на Шар планина, еден вид на граница помеѓу Косово и Северна Македонија. Фреските во Љуботен се уништени до тој степен што не може повеќе ниту да се реставрираат. Конзервација е можна, но тоа е дискутабилно, дали Републичкиот завод за заштитна на културни споменици Србија воопшто ќе дозволи да има какво било учество во таква активност, особено што тој споменик е регистриран дека припаѓа на МПЦ. Феномен е тоа што во македонските медиуми ќе чуете дека е изградена во 1337 година во времето на цар Стефан, иако е познато дека во црквата се наоѓа ктиторска композиција во оквир во која се прикажани цар Душан и царицата Јелена.
Каква е ситуацијата со српските црвки во Северна Македонија?
-Се соочуваме со апсурдна негрижа за културното наследство, но и со бришење на српската средновековна култура. Од пишани извори дознаваме дека српски цркви имало многу повеќе од тоа што денес има материјални остатоци. Во текот на времето голем број на цркви се уништени или срушени, а на нивно место изградени објекти. Само во Скопска Црна Гора се сочувани 50 српски храмови. Проблемот е во тоа што, сите храмови некогаш припаѓале во Пеќската патријаршија, а катастарски заведени во Македонската православна црква. Во селата Кучевиште, Бањане, Чучер, Глуво, Мирковци, Матејче живееше претежно српско население.
Дали може да наведете некој пример?
-Такви примери има многу. Тоа се црквите Свети Никита во Скопје, Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричани, Свети Архангел во Штип, Свети Никола во Љуботен, Свети Спас во Кучевиште, Лесново, Свети Никола во Псача, Успение на Богородица во Матејче, Марков манастир, Свети Андреј на Треска и др. На ова листа треба да се додадат и храмовите во Охрид, особено Свети Никола и Света Богородица Болничка, Света Богородица Захумска, како и во Прилеп каде што постојат сведоштва за делата направени од српските владетели.
На кои се начини се препишуваат српските светости?
-Сведоци сме на транзиционо бришење па дури и прекројување на блиското минато во посткомунистичките држави. Тоа е за жал само дел од поширок политички план. Бришење на културниот идентитет.
А кога станува збор за бугарските интереси?
-Бугарските интереси се покажаа од друга страна проблематични околу наследството на Свети Климент и Наум, присвојувајќи дел што припаѓа на Охридската архиепископија, а многу често граѓаните на Северна Македонија прифаќаат и бугарско државјанство.
Дали тоа значи дека српското културно наследство во Северна Македонија ќе доживее слично сценарио како и тоа на Косово?
Тенденција е српското православно наследство да се претстави како дел од византиска Македонија. Идеолошките поделби се изразени и загрижувачки поради тоа што поимот српско, оркеститрано се заменува со поимот србоманија.
Каде е најтешка ситуацијата?
Матејче е можеби еден од најтрагичните примери. Црквата припаѓа на општина Липково, во која живее исклучиво албанско население. Знаете делува целосно апстрактно, додека патувате кон манастирот во Матејче не можете да се ослободите од помислата дека сте во близина на едно од најмаркантното српско наследство во овој дел од Северна Македонија. Иронија или не, но манастирот Матејче во текот на немирите од 2001 беше главен штаб на Албанската Ослободителна народна армија. Денес после 19 години од немирите, манастирот Матејче е недостапен за добронамерниците. Сакам да нагласам дека овој манастир се поврзува со крал Милутин, а се споменува и во 1300 година, но и името на цар Душан, царицата Јелена и нивниот син Урош. Тие се и насликани во внатрешниот ентериер на храмот, кој пропаѓа секојдневно.
Фаталното уништување датира од времето на немирите. Искршена врата, прозори, уништени фрески, влага, стаклото од централната купола е трајно оштетени. Властите во Скопје не преземаат речиси никакви мерки за да се прекине уништувањето на овој храм.