Патувањето оваа година, ако некој се осмели воопшто да патува, ќе биде невообичаено, но и скапо. Најпрво, осигурувањето нема да ви го покрие лекувањето доколку се заразите со коронавирус во друга земја, а доколку во меѓувреме се измисли таква полиса, таа сигурно ќе чини многу.
Второ, некои држави веќе ги одредиле цените на тестовите за коронавирус.
Трето, во земјите како што е Србија, може да се влезе само со негативен тест, или по влегувањето во земјата треба да одите во 14 дневен карантин. Кој сака да патува, ќе мора да плати.
Србија- 6 000 динари
За влез во Србија ќе ви биде потребен негативен тест на коронавирус не постар од три дена.
Граѓаните кои патувале во странство или инсистираат на здравствен пасош, можат во Србија да направат тест кој чини 50 евра.
БИХ- 100 евра
За тест во БИХ ќе треба да се обратите во Институтот за јавно здравје, а тестирањето чини 100 евра. Граѓаните се огорчени заради високата цена на тестовите.
Словенија- 20 евра
Во Словенија сè уште не е одредена точната цена на тестот, но тој нема да биде поскап од 20 евра.
Црна Гора- минимално
Црна гора е на пат да стане корона free дестинација, па таму ќе направат сè за да се намалат ефектите од кризата. Се проценува дека цената на тестот ќе биде минимална.
Хрватска- 200 евра
Тамошните медиуми пишуваат дека овој тест ќе чини 200 евра, иако хрватскиот министер за здравство претходно најавил дека тестот за Ковид-19 ќе чини околу 100 евра.
Австрија- 190 евра
Засега е познато дека аеродромот во Виена ќе нуди тестирање на коронавирус за патниците да го избегнат 14 дневниот карантин. Тестот ќе чини 190 евра.
Германија- 200 евра
Според институрот „Роберт Кох“, пациентите со симптоми на грип ќе се тестираат и за коронавирус. Трошоците од 200 евра ќе ги сносат здравствените осигурувања на Германија, но само ако тестирањето е препорачано од лекар. За другите, тоа ќе биде регуларна цена.
Грција- околу 120 евра
Планот на тамошните власти е патниците да се тестираат во својата матична земја, па потоа да се упатат кон Грција. Претходно било најавено дека доброволното тестирање ќе чини 120 до 300 евра.
Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис кажал дека е можно цената да падне и на 10 евра по лице во текот на летото.