Таа доживеала неволја во многу рана возраст и покажа извонредна храброст.
Актерката Мила Јововиќ еднаш објави фотографија од нејзината баба Татјана Иванова, чија животна приказна ве остава без здив.
Имено, бабата на Мила минувала низ вистински пекол во војната, секој ден гледала смрт во очи и морала да претрпи различни жртви за да преживее.
Мила никогаш порано не зборуваше за овие детали, но во една прилика реши да раскаже низ што помина Татјана и да им покаже на сите каков херој била нејзината баба.
– Баба ми Татјана Иванова се приклучила на армијата на 16-годишна возраст како медицинска сестра и стигнала до Берлин. Спасувала животи и едвај со спасила својот, криејќи се под мртвите тела цело време за да преживее. Оваа девојка имала толку тежок живот и секој ден ја гледала смртта. Потоа, таа се вратила и го започнала животот од нула, одгледувајќи две деца како самохрана мајка. Секогаш ќе се сеќавам колку беше прекрасна. Среќна сум што бев со неа неколку месеци пред да почине, ја носев на прошетки додека беше во инвалидска количка и разговарав со неа за животот. Тие моменти беа повеќе од посебни. Те сакам, Бабушка, многу ни недостасуваш! – напиша Мила минатата година со фотографија од нејзината баба.