Куче робот ги предупредува и чува луѓето од КОРОНА

popara11 мај, 20201min00
robot-kuce

Сингапур објави дека ќе користи куче робот за да ги почитува мерките за физичко растојание во парковите.

Тоа е робот – куче наречено Спот, кое е произведено од компанијата „ Boston dynamics “, а прво ќе патролира во локалниот парк и ќе ги предупредува граѓаните да го почитуваат физичкото растојание со говорни пораки.

Спот е исто така опремен со камери кои можат да го скенираат неговото опкружување и на тој начин да им овозможат на надлежните органи да проценат колку луѓе се наоѓаат во парковите.

„Врз основа на тие снимки, нема да биде можно да се препознае идентитетот на лицата“, се вели во соопштението на владата на Сингапур.

Експериментот ќе трае две недели во еден парк, а доколку се оди добро, програмата би можела да се прошири, пишува CNN.

Сингапур на почетокот доби бројни пофалби за начинот на кој се справи со пандемијата на коронавирусот, но подоцна ситуацијата значително се влоши, па властите решија да почнат со примена на технологијата во борбата против пандемијата.

Роботот – куче Спот се користи и во локалниот центар за изолација на пациенти, каде што им доставува лекови на пациентите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag