Топ 10 необични плажи

popara30 јуни, 20112min00
http://www.hamaddarwish.com

Papakolea Beach – е прекрасна плажа со зелен песок, формиран од вулканска ерупција, така што песокот го прави всушност оливин кристал. Овој кристал ја дава зелената боја на плажата и жувството на стаклени перли под нозете. Има две вакви плажи на светов од овј тип.

Hyams Beach – ова и според Гинис е најбелата плажа. „Песокот“ всушност се изумрени школки таложени на овој брег.

Hot Water Beach – овозможува уживање за кое ќе мора и сами малку да се потрудите. Може да се бањате во топла вода, доколку ископате дупка во кревкиот песок и подземните резервоари за вода, формирани од вулкан, ќе ја затоплуваат водата во дупката.

Mission Beach – е плажа само по себе како појава интересна да се види. Песочните ракови формираат топчиња од песок и ходници низ истите. Чувството да се гази по овој песок-градба е неописиво, па вреди да се посети.

75 Mile Beach – самото име кажува дека се работи за плажа долга 75 милји. Куриозитет е тоа плажата служи и како автопат и авионска писта, па капачите треба да се особено внимателни при движење по истата.

Kaihalulu Beach – ова е плажа на која ќе имате единствено доживување од бои: црвен песок, плава вода и зелена вегетација. До плажата се стигнува преку опасна, висока провалија, па плажата се користи поради недостапност и како нудистичка.

Haeundae Beach – близината до град, должината од 1,5 км и она по што е позната плажата – нон-стоп журки и заедничко славење на Нова Година на 120000 луѓе, е тоа што ја прави оваа плажа интересна. Вибрациите и атмосферата која ги пружа се нешто кое на друго место не може да го осетите.

Punaluu Beach – е плажа со црн песок, формиран при ерупција на вулкан. Таа е и живеалиште на зелените водни желки. Самиот песок има и лековито дејство.

Maho Beach – е единствена плажа каде авионите кои слетуваат ќе ви бидат речиси на дофат на рака. Тоа е и она што ја сврстува оваа плажа во списокот на необични: близината на аеродромот и неповторливото чувство кога авион се неоѓа толку биску над вас. Ова е плажа за зависници од адреналин.

Vik Beach – е плажа на која не  ќе може баш опуштено да лешите и да се сончате, затоа што најчесто дуваат силни ветрови, а песокот всушност се големи црни базалтни камења, од вулканско потекло. И покрај „неудобноста“ оваа плажа пружа единствено чувство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma