Симболичка Голема ложа “Libertas” – втор дел

popara30 јуни, 20115min00
naslovna

За време на редовната Годишна седница на ложата “Prometej” која се одржа на 29 мај 1927 година, под шеста точка од дневниот ред, од страна на братот Domac Branimir беше изнесен првиобитниот предлог, односно “ложата ’Prometej’ и ’Ljubav Bližnjega’ имаат заедничка цел, да придонесат до побрз развој на слободното ѕидарство и заедно со Големата ложа ’Libertas’ да го основаат Сојуз на слободните ѕидари со назив ’Симболичка Голема ложа LIBERTAS’, а Сојузот да се делегира од страна на браќата: Veljko Tomić, Др. Branimir Domac, Др. Vladimir Rukavina, Др. Janko Koščević и Milan Vidman“.

Собранието на кое беше основана Симболичката Голема ложа “Libertas” се одржа на 29 мај 1927 година, а на основањето присуствуваа: Претседателот Veljko Tomić, делегат од ложата “Prometej”, записничар Др. Rukovina Vladimir (“Prometej”), основачот Др. Lieberman Dragutin и Fischer Ignjat (“Ljubav Bližnjega”). Претставници, односно делегати од ложата “Ljubav Bližnjega” беа: Hoffman Hugo, Mikolaš Felix, Др. Schwarz Milan и Др. Njemčić Bogdan, а од ложата “Prometej”: Vidman Milan, Др. Domac Branimir и Др. Koščević Janko.

На првата редовна седница на Собранието на Симболичката Голема ложа “Libertas” (9 јуни 1927 година) беше избрано нејзиното претседателство во состав: Голем мајстор Veljko Tomić, Заменик Hoffman Hugo, Голем надзорник Stern Otto, Голем говорник Др. Domac Julije, Голем благајник Mikolaš Felix, Голем дворник Milčinović Andrija,Голем носач на мечеви Davor Hotko и Голем домаќин Др. Njemčić Bogdan.

Во Сојузниот одбор како претставници од ложата “Ljubav Bližnjega” беа избрани: Др. Schwarz Milan и Др. Badalić Viktor (заменик), а од ложата “Prometej”: Vidman Milan и Sitzer Ladislav (за заменик).

Основно правила на Симболичката Голема ложа “Libertas” (како и кај сите ложи): членовите не смеат да се делат според верски, национални, општествени или политички одредби, туку е потребно да се почитуваат како браќа.

Симболичката Голема ложа “Libertas” ги поддржува сите научни истражувања, но воедно го “слави“ и Големиот Градител на Сите Светови, од кого потекнуваат сите природни сили…притоа не исклучува ниту една вера од своите редови, но ги исклучува сите верски дебати и прашања.

Слободното ѕидарство, не смее да има влијание врз државните закони и одредби, а како лојални граѓани се должни да ги почитуваат законите на својата земја како и на земјата во која живеат. Потребно е да бидат лојални граѓани и да се залагаат за мир, затоа не смеат да предизвикуваат ниту пак да поддржуваат бунтови или пак револуционерни движења.

Инаку сојузните ложи никако не смеат да имаат влијание врз политичките уверувања и определувања на своите членови ниту пак дозволуваат било какви дискусии или агитирања поврзани за политички прашања. Но, не се исклучуваат дебатите поврзани со научни, историски и социолошки прашања.

За време на редовната седница на Симболичката ложа “Libertas” одржана на 12 јануари 1930 година, Domac Julije предлагаше за наредната година per acclamationem (едногласно)  да се изберат: Голем мајстор Др. Mazzura Lav, Голем секретар Ivan Raverta, Голем благајник Mikolaš Felix, а во управниот одбор: Franjo Götz, Milan Schwarz, Др. Ignjat Scholler, Arnold Herzog, Vladimir Rukavina, Branko Romanić, Kamilo Bošnjak, Др. Ivo Perok, додека пак како делегати: Др. Josip Fuks, Ernest Stranić, Др. Viktor Horvat, Davorin Hotko, Др. Jaques Fischer и Franjo Raverta.

За време на Годишното Собрание на Симболичката Голема ложа “Linertas“, кое се одржа на 8 јуни 1931 година, беше испратена телеграма до Крал Aleksandar I:

“Членовите на слободноѕидарската Симболичка Голема ложа ’Libertas’ ја изразуваат својата лојалност кон Неговото Величество и кон Кралевскиот дом. Во потпис Голем мајстор Др. Milan Schwars“.

За време на Собранието едногласно беа избрани следните членови на следните фукнции:

Голем мајстор Др. Milan Schwarz, Прв заменик Ivo Herzog, Втор заменик Др. Domac Julije, Прв Голем надзорник Gec Franjo, Втор Голем надзорник Ignac Scholler, Голем говорник Vladimir Rukovina, Секретар Ivan Raverta, Благајник Otto Stern, Обредник Arnold Hercog, Дворник Branko Romanić, Домаќин Šandor Freidenreich, Носач на мечеви Ivan Perok.

На редовното Годишно Собрание на Симболичката Голема ложа “Libertas”, одржано на 30 декември 1936 година во 11.00 часот, per acclamationem беше именувано новото претседателство и тоа:

Голем мајстор Stjepan Cernjak, Заменици на Големиот мајстор Viktor Badalić и Др. Vladimir Rukavina, Секретар Franjo Raverta, Благајник Vladimir Gmaz, а во одборот како претставници беа избрани: Arnold Herzog, Др. Ljudevit Fischer, Др. Slavko Batišić, Др. Slavko Rolić. Др. Ivo Perok, Др. Hinko Hinković, Stjepan Hribar, Mirko Baglama и Ivan Durny.

Две години подоцна, на 20 ноември 1938 година, на функцијата Голем мајстор се именуваше Vladimir Rukacina, а од страна на Големиот секретар беше даден следниот предлог:

“Да добијат полномоштво Големиот мајстор Vladimir Rukavina и Големиот секретар Franjo Raverta да склучуваат купо-продажни договори поврзани со целокупниот недвижен имот на Големата ложа ’Libertas’“.

Предлогот беше едногласно изгласен и усвоен од страна на членовите на ложата.

Седум дена подоцна, за време на вонредна седница на Собранието, беше изнесен следниот дневен ред:

1) Распуштање на Сојузот и престанок на работата на ложата;

2) Ликвидација на имотот

Овој предлог исто така, беше едногласно усвоен.

Извештајот што беше доставен за време на Собирот на оваа ложа, одржан на 23 април 1940 година, можеше да се согледа следното: по донесувањето на заклучокот за престанок на работата на организацијата, Големата ложа се воздржуваше од било какви ритуални активности, но сепак одржуваа повремено состаноци. Целта им беше да го задржат континуитетот и да ги одржуваат контактите, а со самото тоа, да се овозможи после извесен период повторно да се започне со работа и со развој на ложата. Така што за време на ова Главно Собрание за Голем мајстор повторно беше именуван Vladimir Rukavina, Заменик Arnold Hercog, Надзорник Др. Ljudevit Šplajt и Др. Pavao Dujić, Благајник Milan Gmaz, Секретар Franjo Raverta, а во Одборот беа избрани: Др. Milan Schwarzwald, Ivan Durney,Stjepan Hribar, Др. Ivan Perok, Др. Slavko Polić, Др. Zvonko Salaj, Ernesto Stranić, Eugen Ladany и Ivo Richtman.

Изборот на високите претставници на пооделните ложи кои беа под закрило на Симболичката Голема ложа “Libertas” се вршеа за време на Годишните Собранија, така што во 1931 година во ложата “Ljubav Bližnjega”, беа именувани: Старешина Viktor Badalić, Заменик старешина Др. Milan Schwarz, Секретар Ljudevit Šplajt, Прв надзорник Arnold Hercog, Втор надзорник Др. Jack Fischer, Благајник Rudolf Gorjan, Експерт Franjo Raverta, Говорник Др. Slavko Batušić и Вратар Pero Orlić.

Во ложата “Prometej” во 1931 година беа именувани: Старешина Др. Julije Domac, Заменик старешина Franjo Götz, Секретар Slavko Hirc, Прв надзорник Stjepko Debeljak, Втор надзорник Stjepan Hribar, Благајник Milan Gmaz, Експерт Vladimir Rukavina, Говорник Др. Branko Domac и Вратар Stjepan Leepee.

Ложата “Amitita” во 1931 година ги именуваше следните членови: Старешина Др. Josip Fuchs, Секретар Branko Romanić, Благајник Vojko Schauf, Прв надзорник Др. Vatroslav Scholler, Втор надзорник Ernest Stranić. Експерт Др. Edo Deutsche, Говорник Др. Ivan Herzog, Вратар Др. Stevo Ulmansky.

Откако беше донесен заклучокот за распуштање на сојузот и за престанок на работата на подрачните ложи, по налог на Големиот мајстор сите архиви на Големата ложа и на подрачните ложи беа уништени. Поради тоа, како многу важен документ претставува записникот од одржаното Годишно собрание (на 30.12.1936):

“Сите ние знаеме дека ситуацијата низ која што поминуваме е многу тешка и сериозна. Поради тоа е потребно да застанеме и да почекаме да поминат неповолните услови.

Иако членовите на нашето друштво грижливо ја работат својата работа, па дури во текот на оваа година се основаше и нова ложа ‘Hrvatska vila’ која исто така работи во кругот на нашата Голема ложа“.

Врз основа на информации кои подоцна беа објавени, стоеше дека, Симболичката ложа “Libertas” беше основана како противтежа на Големата ложа “Jugoslavija”, односно ложата “Ljubav Bližnjega” претставува основа на Симболичката ложа, но бидејќи за формирање на Голема ложа потребни се најмалку три ложи, дојде до обединување на ложите  “Ljubav Bližnjega”, “Prometej” и “Amititia”.

Симбиличката Голема ложа “Libertas“, започнувајќи од 15 август 1940 година, престана со барање на поддршка од Големата ложа во Југославија, а притоа не се врзуваше со ниту една слободноѕидарска ложа од странство, туку ги задржа специфичните хрватски обележја. Бројот на нејзиното членство почна да се намалува во последните неколку години, а како причина се посочуваше режимот на Др. Milan Stojadinović. Голем број на слободни ѕиради ја напуштија ложата поради лични или материјални причини.

Во декември 1945 година, кога Загреб беше ослободен, се водеше судски процес во Окружниот народен суд против членовите кои беа во Управниот одбор на Првата хрватска штедилница, со што се започна со разоткривање на нелегалните трансакции извршени од страна на фашистите и од водечките функционери на штедилницата.

Беа обвинети 14 водечки функционери на штедилницата и останати соработници на окупаторот. На обвинителната клупа се најдоа: Đuro Stipetić, прв Претседател на Управниот одбор, Др. Branko Pliverić, Главен директор, Slavko Turković и Đuro Katušić Заменици на главниот директор, Milan Vrbanić Претседател на здружението на Хрватските кредитни банки, Milivoj Crnadak, Генерален директор, Viktor Mondekar Директор на здружението на Хрватските кредитни банки, Ivo Mošinski, Др. Valdemar Lunaček, Karmino Šimić и Vlado Andrašević Директори на штедилницата. Еден од обвинетите, односно Pliverić беше член во ложата “Libertas”.

Непосредно пред започнувањето на војната имаше обиди да се оцени работата на слободните ѕидари, односно на членовите на Симболичката Голема ложа “Libertas”. Така што антимасонскиот весник Novi Balkan во 1940 година, издаде информација дека во оваа Голема ложа се имаат зачленето екстремистичките членови кои се затскриваат зад маската на масонството. Нивната цел беше преку Будимпешта да се воспостави врска со ложите во Лондон и да се формира “Независна Хрватска држава“. Во оваа цел требаше да им помогнат слободните ѕидари од Будимпешта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag