Шокантно тврдење на главниот епидемиолог во САД: Вакцината може да го направи вирусот уште полош

13 мај, 20200
Naslovna

Директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи изјави денеска дека американските компании работат на најмалку осум вакцини и дека, доколку се оди добро, може да се знае кон крајот на есента или раната зима дали се успешни или не.

„Националниот институт за здравство работи многу брзо, развиваме најмалку осум вакцини и очекуваме повеќе резултати“, рече Фаучи, кој исто така предупреди за можните негативни последици од вакцината затоа што може да ги зголеми последиците од вирусот.

Главниот американски епидемиолог, кој со децении е на чело на институтот, за време на мандатот на шест американски претседатели, потсети дека во јануари се зборуваше дека ќе бидат потребни 18 месеци за вакцината да се развие.

Според него, работата на вакцината официјално започнала на 14 јануари, а 62 дена подоцна, започна првата фаза, фаза на клинички испитувања на две дози на волонтери. Во наредните недели следат втората и третата, рече Фаучи, додавајќи дека ќе биде вклучено и тестирање на животни.

“Ако сме успешни, се надеваме дека ќе знаеме дека кон крајот на есента или раната зима. Имаме многу кандидати и се надеваме на повеќе резултати … ќе биде добро на глобално ниво ако имаме повеќе од еден успешен кандидат за вакцини”, рече Фаучи во емисија емитувана од Фокс ТВ.

Тој додаде дека НИХ соработува со фармацевтската индустрија со цел што побрзо да ја постигнат целта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi