Новата врата на Европа – тунел кој ќе ни заштеди многу време патувајќи

popara14 мај, 20201min00
61883395-tunel

Тунелот кој треба да се отвори во 2029 год. ќе ги поврзува Германија и Данска. Овој тунел со кола ќе може да го поминете за 10 минути, а со воз за 7 минути.

Тунелот Сеикан во Јапонија кој ги спојува областите Хоншу и Хокаидо моментално е најдолгот тунел под море на светот, со должина од 53.85 км, од кои 23.3 км се наоѓаат под вода. Еуротунелот кој ги спојува Англија и Франција, можеби има поголема делница под вода, околу 37.9 км, но вкупната должина е пократка од онаа на јапонскиот тунел, ако се смета и копнената траса долга 50.45 км. Просечната длабочина на Еуротунелот е 45 метри под морското дно.

И Данска исто така најави изградба на ваков прометен див кој ќе ги поврзува со соседната Германија. Железничкиот и патничкиот сообраќај кој се одвива преку теснецот Femern Belt е долг 18 километри и ќе има електрична железница во два колосека и автопат со четири ленти. Изградбата би започнала следната година, а проектот ќе биде најскап инфрастуктурен проект во историјата, со проценка од околу 7 130 000 000 евра. За разлика од Еуротунелот и Сеика, овој тунел ќе биде граден од шупливи бетонски комори кои ќе бидат потопени во Балтичкото Море.

Новиот тунел Fehmarnbelt ќе ги поврзува данскиот остров Лоланд и Фехмарн во Германиј, а од таму има конекција со данскиот остров Зеланд и Копенхаген со што би можел да стане главна крстосница помеѓу Средна Еввропа и Скандинавија. Данскиот Министер за транспорт, Бени Енгелбрехт нагласил дека оваа нова врата во Европа ќе ги постави темелите на идните економски решенија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag