Светот повторно се соочува со големи предизвици затоа што американскиот лидер сака официјално Пекинг да биде обвинет за избувнување на епидемијата и сака да формира голема антивирусна коалиција, изјавил за Курир Милован Јовановиќ, новинар и политички коментатор.
Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува за одмазда на Кина затоа што смета дека е виновна за пандемијата на коронавирус, која однесе повеќе од 83.000 животи само во САД и ја уништува економската моќ на најмоќната сила во светот.
Ова го посочуваат изјавите на официјални лица од Вашингтон, но и по тврдењата на разузнавачките агенти од Пекинг, дека Белата куќа го гледа подемот на Кина како економска и национална закана и се подготвува за економска, но можеби и за вистинска војна.