Наставничка од Индијана (САД) одлучила да и се спротивстави на пандемијата, па смислила начин на кој ќе може да ги прегрнува своите ученици на сигурен начин. На влезот на својата врата ставила најлонска заштита со исечоци за рацете, а покрај вратата ставила средства за дезинфекција.
Гушкањето функционира така што рацете ги става во исечените отвори на најлонот, а истото можат да го направат и учениците. Откако ќе ги изгушка учениците и ќе поразговара со нив, таа ги моли да ја дезинфицираат надворешната површина за да може да ги гушка и другите деца.
Наставничката Келси Павелк заедно со сопругот дошле до оваа идеја откако таа сфатила колку и недостасуваат учениците
Родителите со задоволство ги носат децата до куќата на наставничката бидејќи и тие приметиле колку им несостасува наставничата.