Поради неколку нови случаи на зараени се појави страв од втор бран на инфекцијата
Во Вухан започна тестирањето на сите 11 милиони жители.
Здравствените експерти проценуваат дека ваквото тестирање е без преседан. Тестирањето во моментов се прави на четири локации. Приоритет ќе имаат вработените во образованието, здравството, транспортот и трговијата, државните службеници и граѓаните кои доаѓаат од странство.
Властите во Вухан, каде започна пандемијата и каде беа 80% од сите заразени во Кина, оваа недела започнаа кампања за тестирање , бидејќи поради неколку нови случаи на заразени се појави страв од вториот бран на инфекција, пренесува Ројтерс.
Вухан во април беше ослободен од карантинот, што траеше 76 дена. Сепак, се стравува од можни асимптоматски случаи. Секој ден може да се тестираат 100.000 луѓе.