СЗО СЕ БАНДИТИ И КРИМИНАЛЦИ – кажа Лукашенко денес на редовна прес конференција

popara16 мај, 20201min00
lukasenko

Лукашенко најдиректен. Без грам задршка “запука” по СЗО.

„Овие бандити немаат сочувство кон нас. Тие се криминална организација. Тие се обидоа да ни ги продадат своите мерки, лекови и вакцини. Не функционираше! Мислам дека нема некој во Белорусија кој почина од корона вирусот!

Постојат смртни случаи од хронични заболувања што ги имаа порано. Ние извршивме обдукција на сите оние што починаа во овој период. СЗО немаше што да каже на тоа.

Конечно – никој, никаде не се извршува обдукција за да се види од што умираат нивните луѓе! Никаде! Никаде! Тие пишуваат корона вирус и тоа е тоа!

И нема да ме разубедите во ова, затоа што со вас веќе поминав многу вакви психози и знаеме како завршија “.

Лукашенко рече дека попуштањето пред „психозата“ и паниката нанесува поголема штета на Белорусија отколку самиот корона вирус.

„Едноставно треба само да работите, особено сега, во селата“, рече Лукашенко додека Белорусија се подготвува за сеидба. “Убаво е да се гледа телевизија. Луѓето работат на трактори, никој не зборува за вирусот … Таму тракторот ќе излечи сè. Нивите лекуваат сè.”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag