Бразилската манекенка и поранешен Викториин ангел Андријана Лима (38) објави фотографија на друштвената мрежа Instagram во црно минијатурно бикини и го покажа својот затегнат задник кој заработи илјадници лајкови.
Поранешната српска снаа, беше во брак со кошаркарот Марко Јариќ, го покажа своето секси тело додека се сончала на плажите во Мајами за време на изолацијата од корона вирусот. Таа веќе неколку месеци се наоѓа во Мајами, со своите деца и ужива на плажите и сонцето.
Исконскиот супер модел изгледа преубаво на фотографијата на која лицето го покрила со црни големи очила за сонце и плетен шешир и со своето затегнато тело лежи на бел плетен кревет. На сликата таа искоментирала:
- Благодарна сум што сум во Мајами со своите деца и блиските пријатели.
Погледнете ја галеријата: