Езерото Ретба, или Розевото Езеро во Сенегал, е еден од доказите дека Земјата е сина само ако се гледа од вселената. Сместено е северно од Зелен ’Рт, околу 30 километри од Дакар. Одделен е од Атлантскиот Океан со тесен премин помеѓу дините.
Неверојатното африканско езеро својата розова нијанса ја должи на алгата Dunaliella salinа, а бојата е најинтензивна за време на сувите периоди. За време на сезоната на дождови, од јули до октомври, водата ја добива бојата на тула.
Езерото има голема соленост, која во одредени делови достигнува 40%, а многу семејства живеат од продажба на сол од езерото. Се проценува дека дневно се собираат до три илјади луѓе од Западна Африка. Сенегалските рибари ја користат солта за да ја конзервираат рибата.
Дури и рибите се навикнати на висока соленост и развиле можност да испумпуваат вишок сол надвор од телото. Во просек, тие се четири пати помали од „роднините“ кои живеат во нормално опкружување. Пливањето во езерото е лековито, и исто како и во Мртвото Море, лесно може да се лебди на површината.