Езерото Бајкал се наоѓа во југоисточен Сибир. Во него се наоѓа околку 20 проценти од целокупната питка вода на светот. Тоа е најдлабоко езеро на планетата со 1642 метри. Ова “сибирско сино око” е живеалиште на слатководни фоки, но и на други ретки животински и растителни видови.
Зимно време мразот може да биде дебел и преку еден метар, а почнува да се топи во мај. Бајкалското езеро е дел од светското културно наследство и некои негови делови се под посебен заштитен режим. Најлесно за посетување е доколку дојдете во градот Иркутск, бидејќи дел од езерото се наоѓа во истоимената област.