Забраната за цигари со ментол, денес стапи на сила во Европската унија, во понатамошен обид да ги обесхрабри младите луѓе да започнат да пушат.
Забраната за ароматизирани цигари и производи од тутун стапи во сила во 2016та година, но производите со пазарен удел од повеќе од 3 проценти – како цигари со вкус на ментол – до денес уживаа во исклучоците.
Регулативата е дел од Директивата на ЕУ за тутун, која беше донесена во 2014та година по напорни преговори, притисоци во индустријата и правни предизвици.
Директивата исто така бараше цигарите и производите од тутун да содржат уште појасни здравствени предупредувања и да покриваат 65 проценти од предната и задната страна од кутијата.
Правилата би требало да ја намалат стапката на пушење кај младите. Европската комисија соопшти дека пушењето е најголемата причина за предвремена смрт во ЕУ.
Во ЕУ, според комисијата, 26% од вкупното население и 29% од младите Европејци на возраст меѓу 15-24 години се пушачи.