Кендал Џенер поради најголемата измама на деценијата остана без 90.000 долари

popara21 мај, 20203min00
kendal

Кендал Џенер мора да плати 90.000 американски долари бидејќи го изгуби спорот од 2017та година, што се однесуваше на нејзината промоција на неславниот фестивал Fyre на Бахамите.

Поднесени се тужби против Џенер и голем број други познати личности за промовирање на фестивал наречен најдобар фестивал што никогаш не се случил.

На манекенката не и е јасно како е виновна за сега неславниот колапс на фестивалот, но за да може да се одолговлекуваат тужбите, таа се согласи на решение.

Според документите што пристигнале на суд во вторникот, на моделот со 129 милиони следбеници на Инстаграм и платиле 250.000 долари за промоција на пропаднатиот фестивал. Подоцна добила уште 25.000 долари од компанијата „Fyre Media Inc“, организатор на фестивалот, Били Мекфарланд, за објавa на Инстаграм што ја избриша по скандалот.

Судската постапка ја обвинува дека не им кажала на своите фанови дека е платена за промовирање на фестивалот и дека не ги известила дека нема да оди, затоа што знаела дека има проблеми.

Другите обвинети се Емили Ратајковски, Блинк-182 и Мигос. Во тужбите се обидуваат да извлечат што е можно повеќе пари од музичари и модели кои се платени за промовирање на фестивалот, а парите ќе бидат вратени на инвеститорите кои биле измамени од Мекфарланд. Wall Street Journal пишува дека тие се обидуваат да вратат стотици илјади долари. Така, преку тужба се бара, групата Блинк-182 да врати половина милион долари, додека Емили Ратајковски за промоција добила 300.000 долари.

Ако случајно сте ја пропуштиле целата приказна, фестивалот Fyre требаше да се одржи на Бахамите и се рекламираше како „културно искуство на деценијата“.

Тој беше промовиран и од раперот Ja Rule, кој се приклучи на организацијата. Откако го рекламираа и девојките од „Victoria’s Secret“, билетите се продаваа како луди, но оние што ги купија на Бахамите беа поздравени од хаосот. Наместо во луксузни колиби, тие спиеја во шатори, наместо деликатеси, ги дочекаа со сендвичи, а кога се пожалија од сè на социјалните медиуми, беа поздравени со потсмев.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma