Зелен снег на Антарктикот: Се шири поради климатските промени и ќе го има се повеќе

popara22 мај, 20201min00
2

Зелениот снег создаден од алги цвета на Антарктикот, најверојатно, ќе се шири со зголемувањето на температурите, како резултат на климатските промени, велат истражувачите, откако ја направија првата карта на овие организми и нивните движења.

Сателитските податоци собрани меѓу 2017 и 2019 година, во комбинација со теренски мерења во текот на два лета на Антарктикот, им овозможиле на научниците да мапираат микроскопски алги додека цветаат над снегот.

„Повисоките температури би можеле да создадат повеќе опкружување погодно за живеење на алги, за што е потребен влажен раст на снегот“, велат истражувачите за Си-Ен-Ен.

Според студијата објавена во списанието „Nature Communications“, зелените снежни алги се микроскопски доколку се мерат индивидуално, но кога организмите растат во исто време, снегот станува светло зелен и може да се види дури и од вселената, велат истражувачите.

Плочите со зелени снежни алги можат да се најдат по должината на брегот на Антарктикот, обично во „потоплите“ области, каде просечните температури се малку над нулата во текот на летните месеци на јужната хемисфера од ноември до февруари. Според истражувачите, Антарктикот е дел од регионот кој го доживеал најбрзото затоплување во втората половина на минатиот век. Невообичаено високи температури се забележани во февруари, додека деветдневниот топлотен бран го запали северниот врв на континентот претходно оваа година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma