Коските на повеќе од 60 мамути биле пронајдени на градилиштето за време на работите на новиот аеродром „Фелипе Анхелес“ во Мексико Сити, објави Националниот институт за антропологија и историја.
Се смета дека коските се од пред 15 000 години и припаѓаат на колумбискиот мамут.
За време на изградбата на аеродромот, пронајдени се коски од бизони, камили, коњи, луѓе, како и разни предмети.
Откритието, како што најавија, ќе го забави завршувањето на работите за изградба на аеродромот во Мексико Сити, а Националниот институт за антропологија и историја изјави дека остатоците од 14 мамути биле пронајдени во областа Туртепац минатата година.